Шприцот со која на Мајкл Џексон му била дадена смртоносната комбинација на лекови би требало да се појави на аукција во Лас Вегас со цена од неверојатни пет милиони долари. Се претпоставува дека иглата и шприцот некој тајно ги сочувал и дека ги понудил на аукциските куќи од Лас Вегас. Семејството на Мајкл за ова ги известило адвокатите и со сите средства ќе се обидат да ја спречат оваа аукција.
Предметот би требало да биде понуден многу наскоро, на годишнината од смртта на пејачот. Неговиот лекар Конрад Мареј е обвинет за убиство бидејќи ги измешал дозите на валиум, лоразепам и пропофол, а аутопсијата покажала дека Џексон умрел од смртоносна доза на пропофол.