Во било кој бизнис поважно е еден муштерија да се врати два, три или повеќе пати а не истиот да го изгубиш по првото конзумирање. Туристичкиот пазар е ограничен, конкуренцијата е убитачна и сите земји конкурираат воглавно за истите туристи. Во една таква ситуација охридското туристичко стопанство и одговорните органи прават се туристите кои, повеќе по своја заслуга отколку заслуга на успешен маркетинг имаат дојдено во Охрид, истите нигогаш повеќе да не се вратат.
Во разговорите што ги имам водено со повеќе шведски туристи дали тие повторно би се вратиле во Охрид, одговорот е негативен. Причините за тоа се прво лошата поврзаност на Охридскиот аеродром и принуденоста да се користи аердромот во Скопје. Но уште поважно што наведвуваат е буката од дискотеките и клубовите што ја скратува можноста за ноќен мир. Еден млад српски турист кој беше дојден во Охрид преку туристичка агенција не ја криеше својата разочараност што годишниот одмор му се претворил во годишен умор и дека ќе го остави Охрид со грижата дека пред него е една напорна работна година и дека се осеќа повеќе уморен отколку одморен заради ноќната бука.
И покрај тоа што секоја година властите ветуваат дека времето и нивото за музиката во дискотеките и другите сцени ќе се ограничи тоа не е спроведено. Уште позжалосно е што одговорните органи немаат никакви идеи како да се реши проблемот- на пример со деслоцирање на клубовите надвор од населените места каде не би сметале на никој.
Јас се сеќавам на прашањето – Зошто Охрид нема ”поквалитетен” туризам – поставено пред неколку години во OhridNews на тогашниот градоначалник Петрески. Уште подобро се сеќавам на одговорот на Петерски дека Охрид ги има тие туристи кои ги заслужува. На жалост Петрески е во право но тоа никако не ја оправдува рамнодушноста како на бившата така и на сегашната локална управа за подобрување на состојбите во една од последните стопански гранки која носи приходи во општината.
Со брзи чекори одиме кон охридскиот шпиц на сезона кој на жалост не е ништо друго од шпиц на бука. И оваа година како и другите, ние неколку проценти од туристите, кои сепак од година во година се враќаме во Охрид, ќе го поминеме шпицот со затворени прозорци, будни ноки и жалби до локалната полиција.
Јован Христовски
Уппсала Шведска
*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.