Иако претходниве денови во медиумите се појави приказна за љубовна врска помеѓу Ријана и Колин Фарел, тие не се вистинити, ако може да му се верува на извор кој е близок на ирскиот актер. Гласините за нивната врска се појавиле кога биле видени како заедно вечераат во еден ирски ресторан во Лос Анџелес, од кој излегле одвоено откако ги забележале папараците.


Парот вечерал во ресторанот “Giorgio Baldi”, и биле многу претпазливи местото да го напуштат одвоено и во различно време, како не би биле забележани и фотографирани заедно. Подоцна списанието “People” објавило изјава на извор кој е близок на Колин Фарел и кој тврдел дека е потполна случајност што се нашле во ресторанот во исто време.