Охрид од денеска до 23 мај ќе биде домаќин на деветиот конгрес на меѓународни шпедитери и логистички оператори од југоисточна Европа, што ќе се одржи во х. „Метропол“.

Главна тема на конгресот ќе биде изградбата на коридорот 8, а ќе се дискутира и за последиците од глобалната економска криза врз шпедитерскиот бизнис.

Во очи почетокот на работниот дел на конгресот, ќе се одржи состанок на Консултативниот комитет на шпедитерите и логистичките оператори од Југо-Источна Европа, а предвидена е и средба на претседателите на националните шпедитерски компании со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Ohridnews