Репрезентацијата на Шпанија е најскапата селекција на Европа која тежи около 480 милиони евра и е за  13 пати повредна од македонската репрезентација, која според германскиот трансфермаркет вреди 37 милиони евра.


Од избраниците на Дел Боске најскап играч е Чави, кој е проценет е на 50 милиони евра, зад него Торес и Виља со по 45 милиони евра пазарна вредност, и Касиљас кој е проценет на 32 милиони евра.


Најблиску до цифрите на шпанците кај нашите е напаѓачот на Лацио, Горан Пандев, кој е проценет на 16 милиони евра, потоа следуваат Новески со 2,5, Попов со 1,5 и Лазаревски со 1,4 милиони евра.

ohridnews