– Македонската селекција воопшто не е лесен противник. Тие имаат квалитетен состав иако учеството на СП не им мина баш најдобро. Ние го имаме на ум претставувањето на Македонија на Европското првенство во Србија каде го освија петтото место. Кога на сето ова ќе се додаде и поддршката од френетичната публика станува збор за моќна селекција на домашен терен – истакна Раул Интрериос.
32 годишниот ракометар на Барселона не ги открива своите планови за во иднина, туку само дека силно го посакува златниот медал од Олимписките игри во 2016 година.