Шпанецот Марк Роиг победи на 24 издание на меѓународен атлетски маратон, што по повод Денот на независноста 8 Септември традиционално се одржува во Охрид. Роиг патеката долга 30 км од караулата кај Св. Наум до Охрид ја претрча  за 1 час 40 минути и 30 сек, што е за една минута послабо од рекордот на патеката 1:39,13 кој е во сопственост на Борислав Девиќ од Србија.


Втор на целта пристигна  Тамаш Тат од Унгарија со време 1:41, 37 додека третопласиран заврши неговиот сонародник Ференц Бири со време 1: 44, 16. Најдобар макдеонски преставники беше Трпе Мартиноски кој заврши како десето пласиран.


Втора година по ред најбрза во женска конуренција е Марина Лучиќ од Апатин, Србија. Победничкото време беше 2.07.07.

Во склоп на маратонот се одржа и вториот регионален војнички атлетски маратон.  На маратонот победи Никола Страмениќ од Србија со време 1:46, 53. На годинешниот маратон во Охрид учествуваа 68 маратонеци, 59 во машка и 9 во женска конкуренција.

М.Постоловски