Судот во Барселона му наредил на сопственикот на еден бордел да склопи договор за работа на неопределено време со три проститутки. Судот му наложил и редовно на државата да и ги плаќа сите придонеси, како овие сексуални работнички би можеле да користат здравствено осигурување, социјална помош во случај на невработеност, и еден ден да добијат заслужена пензија.

 

Адвокатите на проститутките изјавиле дека одлуката на судијата Хуан Агусто Марагала е многу значајна, бидејќи со неа се признава правото на работничките во јавните куќи да стекнат права кои ги уживаат сите граѓани на Шпанија на основ на својата работа. Според шпанскиот закон, користењето на услуги на проститутки претставува кривично дело, но бавењето со проституција е легално.