Шпанскиот јазик денес повеќе се зборува во САД отколку во Шпанија, што е констатација која ни малку не изненадува кога ќе се преведе во бројки. Мексико и понатаму го зазема првото место на листата Хиспанофонски земји, но веднаш зад него се САД, кој од минатиот попис ја претекнаа колевката на шпанскиот јазик, Шпанија. Близу 53 милиони лица од вкупно 318,9 милиони жители зборуваа шпански во САД, што е нешто повеќе од 15 проценти од вкупниот број жители. За 41,3 милиони шпанскиот е мајчин јазик, додека за останатите 11,6 милиони, воглавно деца имигранти, тоа е втор јазик.

 

Како што пренесуваат агенциите повикувајќи се на најновиот извештај на институтот Сервантес, бројот на луѓе кои зборуваат шпански во САД сега е поголем од вкупниот број жители во Шпанија, која има 47 милиони. Тоа е последица на масовното присуство на мигранти од Мексико и другите латино американски земји во САД. Јавниот превоз во некои сојузни држави, како Калифорнија, веќе подолго време е двојазичен. Се предвидува дека САД ќе стане прва хиспанофонска држава до 2050 година, кога оние кои зборуваат шпански ќе достигнат бројка од 138 милиони, под услов Мексико да остане на сегашните 121 милион жители.