Шпанските медиуми попладнево објавија дека еден од петмината убиени терористи при напад во градот Камбрилс е возачот на комбето со кој бил извршен терористичкиот напад вчера во каталонската престолнина Барзелона, во кој најмалку 14 лица ги забубија животите, а над 130 се повредени.
Полицијата денеска соопшти дека петмината терористи во Камбрилс на себе имале елеци со експлозив кои биле лажни и најверојатно служеле само за заплашување на луѓето.
Одговорноста за терористичкиот напад во Шпанија ја презеде Исламска држава.
OhridNews