Со цел да се запознаат со функицонирањето на најголемото претпријатие од водоводната сфера во Шпанија, градоначалниците на Охрид и Струга, Александар Петрески и Рамиз Мерко и директорот на МЈП „Проаква“, Бранислав Трпчески, минатата  недела престојуваа во Мадрид.  Оваа посета се организираше врз основа на  поканата на раководството на мадридското јавното претпријатие за водоснабдување  и одвод на фекални води.

-Оваа посета е од големо значење, затоа што охридско-струшкото крајбрежје се соочува со нагласената потреба за примена на европски стандарди во заштитата на животната средина и посебно Охридското Езеро. Се’поизвесна е потребата од  ревитализација на голем дел од водоводната и канализационата мрежа, а посебно на колекторскиот систем и пречистителните станица.-велат од Општина Охрид.

При посетата, Охридско-струшката делегација, меѓу другото, имала можност да се запознае и со оперативниот центар на мадридското водоводно претпријатие, во кој се слеваат сите поплаки на граѓаните и се евидентираат екипите за интервенција врз пријавените дефекти при што посебно се следи нивната ефикасност.

Е.Е.