Репрезантивките на Шпанија пласманот во полуфиналето од Европското првенство во ракомет што се игра во нашата земја, го прославија со пиво. Откако го одработија својот дел со победата над Унгарија 23:21, остатокот од успехот им го сервираше Норвешка која беше немилосрдна во дуелот со Романија 37:31. Норвежанките имаа водство во текот на целиот натпревар па така шпанските репрезентативки можеа опуштено да ја следат одлучувачката средба за расплетот во М1 групата. За добро расположение тие пиеја пиво и несебично делеа автограми на навивачите.


пиво и автограми – репрезентативките на Шпанија

Ohridnews