Последниот патник во полуфиналето на ЕП ќе биде познат вечерва. Големите фаворите Шпанија и Италија во меѓусебна пресметка ќе одлучуваат за пласман меѓу четирите најдобри селекции на стариот континент. Торес или Тони, Арагоњес или Донадони. Одговороте на многуте прашања ќе ги добиеме по крајот на мечот.


Фернандо Торез – фото uefa.com

Шпанија на хартија е благ фаворит заради убедливото миздание во натпреварите по групи наспроти таличната и неубедлива Италија. Но италијаните и без Тоти и со неискусниот Донадони на клупата не смеат да се отпишат бидејќи тие сеуште се актуелни светски шампиони и големи мајстори да одиграат најдобро кога тоа е потребно. Но има е еден друг интерес детаљ. Денешниот ден, 22 јуни е најнесреќниот датум за шпанскиот фудбал. На 22 јуни 1986 година на СП во Мексико Шпанија на пенали загуби од Белгија, а истото им се повтори и десет години подоцна на ЕП во Англија која исто така беше подобра по изведувањето на пенали.

Средбата Шпанија – Италија се игра  во стандардниот термин од 20:45 ч.