Футсал селекцијата на Шпанија го освои првото место на мини меѓународниот турнир, кој се одигра во нашата држава.


Во финалето шесткратниот Европскиот првак, Шпанија со убедливи 6-1 ја совлада македонската селекција.

„Црвено жолтите“ пружија достоен отпор речиси половина час, а потоа стапи на сцена „фуријата“, која со серија голови го обезбеди првото место.

Во малото финале Турција по изведување на пенали (2-1) триумфираше над Финска, која претрпе пораз во полуфиналето од Македонија.

Фото : Спортмедиа
Мх.П.