Европскиот кошаркарски првак, Шпанија втор пат беше поуспешна од селекцијата на Македонија, но сега со +22 (77-55). Кошаркарите и во третиот обид не успеаја да ја совладаа „фуријата“, која пред две години до искачувањето на европскиот врв ја елиминираа Македонија во 1/2 финалето, а потоа во финалето триумфираше против Франција.
Во првиот контролен натпревар избраниците на Алеш Пипан претрпе пораз 66-61, а овој пат немаа сила да ја повторат играта и сериозно да парираат на Европскиот првак.
Со 11 поени на контото заврши Лестер Бо Мекклејб, по девет уфрлија Гечевски и Војдан Стојановски. Капитенот на „црвено жолтите“ финишираше со седум поени, но со катострафална реализација за три поени (0/7).
Мх.П.