Спасувачкиот кредит за Шпанија би можел да изнесува најмногу 100 милијарди евра, а шпанската влада во текот на изминатата недела објави дека на нејзините банки и се неопходни 62 милијарди евра.
„Министерот за економија Луис де Гиндос во име на шпанската влада денеска испрати писмото до претседателот на еврогрупата, Жан-Клод Јункер, во кое се бара финансиска помош за докапитализација на финансиските ентитети на кои им треба помош“, стои во официјалното соопштение на шпанската влада.
Де Гиндос во писмото навел дека шпанската влада ќе ја понуди сета расположива помош кога ќе се одлучува за критериумите за подобност на заемот, условите, потребните мерки и дефиницијата на договорот.
OhridNews