Со вредност од над 376 милиони евра, Шпанија е селекцијата составена од најскапите играчи на ЕП 2008 во Австрија и Швајцарија. Меѓу првите три се наоѓаат уште Италија и Франција.

Германската агенција за истражување „Рафајзен Рисрч“ ги објави цените на репрезентациите кои ќе учествуваат на завршницата на ЕП во Австрија и Швајцарија. Според поединечната цена на фудбалерите, Шпанија вреди 376,6 милиони евра, а италијанските фудбалери вредат 369,5 милиони евра.

Меѓу првите пет селекции се најдоа и репрезентациите на Франција, која вреди 368 милиони, Португалија со вредност од 262 милиони и Германија со 211 милиони евра.
 
Потоа следува Холандија, која според цената на играчите чини нешто помалку од 180 милиони евра, а Чешка е седма со над 129 милиони евра.
 
Домаќинот Австрија, според овие параметри, е најевтината селекција, со вкупно чинење на фудбалерите од 42,5 милиони евра

 

Цената на чинење на репрезентациите учеснички на ЕП 2008:

   1. Шпанија       376,6 милиони евра
   2. Италија         369,55
   3. Франција      368
   4. Португалија  262
   5. Германија     211
   6. Холандија    187,85
   7. Чешка           129,15
   8. Турција        124,8
   9. Шведска       123,5
  10. Хрватска      111,8
  11. Русија           102,45
  12. Романија        87,2
  13. Полска            82,95
  14. Швајцарија    74,75
  15. Полска            54,55
  16. Австрија         42,5