ФФМ официјално го потврди гостувањето на европскиот првак Шпанија на 12 август во Скопје. Мечот кој ќе започне во 22 часот треба да биде и централна манифестација во деновите за одбележување 100 години од играњето фудбал во Македонија.


Од Јавното претпријатие што го стопанисува стадионот „Филип Втори“  потврдно одговрија дека ќе биде готова северната трибина, со покрив, столчиња и да го
комплетира осветлувањето до 12 август.

Црвено – жолтите во својата историја двапати ги одмериле силите со “Црвената Фурија“, двата натпревари го добија шпанците  во Скопје (0-2) и во Елче (0-3).