Актуелниот европски шампион Шпанија според обложувалниците е главен фаворит на претстојното Светско првенство во фудбал, што од 11 јуни ќе се игра во Јужна Африка.


Секој кој што ќе собере храброст да вложи едно евро на Шпанија ќе заработи пет, доколу црвената фурија стане светски шампион.

Втор фаворит е Бразил, со коефициент шест, следуваат Англија со коефициент седум и Аргентина со коефициент осум, додека за Италија и Германија коефициентот е 13.

Извор “Макфакс“