Непријатни и шокирачки информации пристигнуваат од Шпанија. Имено, млад 17-годишен фудбалер од Лас Палмас го загубил животот откако се удавил при капење во каналот близу до градот.
Жорж Санчез кој сезонава бил прекомандуван во првата екипа скокнал во каланот и од засега непознати причини починал. Брзата помош пристигнала многу брзо на настанот но констатирала срмт. Покрај Жорже Санчез починал и уште едно младо момче на 15 години.
Ужас! Не веруваме дека го изгубивме Жорж Санчез. Беше добро момче и максимално посветен на фудбалот. Ова е еден од најтажните денови во нашиот клуб. Не можеме да ја опишеме болката. – стои во соопштението од Лас Палмас.
OhridNews