Три шпански клуба се пласираа во четвртфиналето на фудбалската Лигата на шампионите. Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Виљареал ја поминаа осминафиналната фаза. Во оваа фаза Ла Лига се претставува 17-та сезона по ред и ова е рекорд на турнирот.

Помеѓу осумте најдобри има и три екипи од Англија – Ливерпул, Челзи и Манчестер сити.

Четвртфиналната листа ја комплетираат португалска Бенфика и германски Баерн.

Ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето ќе се одржи утре во седиштето на УЕФА во Нион.

OhridNews