Репрезентацијата на Шпанија обезбеди пласман во финалето на Европското првенство во фудбал откако вечерва во Минхен ја совлада Франција со 2:1.

Сите голови паднаа во првото полувреме. Поведе Франција со голот на Коло Муани во 9 минута. Израмни тинејџерот Ламин Јамал со прекрасен гол во 21 минута, а пресвртот го комплетираше Дани Олмо во 25 минута со помош на дефанзивецот Кунде кој го потврди погодокот.

Шпанскиот играч за врска Ламин Јамал стана најмладиот голгетер во историјата на Европските и на Светските фудбалски првенства.

Шеснаесетгодишниот играч од средниот ред го собори рекордот на Пеле, кој на 17 години постигна гол за Бразил на Светско првенство.

Претходно Јамал стана најмладиот играч во историјата на полуфиналето на големите турнири, соборувајќи го и рекордот на Бразилецот.

Шпанија во финалето ќе се сретне со подобриот од мечот Холандија – Англија кој се игра утре вечер

 

Г.М.