Женската репрезентација на Шпанија попладнево ја победи Англија со 1:0 во финалето на Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд и го освои Светското првенство за фудбалерки.

Ова е прв трофеј за Шпанија во својата историја.

Стрелец на единствениот гол во 29. минута беше Олга Кармона. Во 70. минута Џенифер Хермосо пропушти можност да ја удвои предноста на Шпанките промашувајќи пенал.

Шпанија стана третиот европски тим кој го освои Светското првенство. Претходно само Германија (двапати) и Норвешка го освоија Светското првенство за жени.

Пред ова, селекцијата на САД, која годинава стигна до осминафиналето на овој турнир, двапати по ред стана светски шампион.

OhridNews