Шпанецот Рикардо Абад се запишал во Гинисовата книга на рекорди откако во Мадрид го завршил својот 366 маратон во низа. Овој спортист од Навара пред една година одлучил да истрча 500 маратони за 500 дена.
Со тоа што го завршил овој маратон, Абад го соборил досегашниот рекорд кој го држел белгијанецот Стефан Енгелс со претрчани 365 маратони за 365 дена. Како би го остварил во целост својот подвиг, кој го започнал од хуманитарни побуди, на шпанскиот маратонец му останале уште 134 маратони во наредните 134 дена. За време на 500 маратони низ Шпанија, Абад ќе мине повеќе од 21 илјада километри. Интересно е тоа што покрај тоа што секојдневно трча по 42 километри, тој секојдневно оди на работа во фабрика во Тафала во која одработува осумчасовна смена.