48 – издание на Охридско лето вечерва (21.00 ч.) на Антички ќе го отвори американската старлета Џеси Норман.

„Од Америка со љубов“ е насловот на концертот со кој светската ѕвезда на  настапи на сцената со програма на која се дела од Бернштајн, Гершвин, Вилјамс, Њутн, Кер и традиционални песни

На сцената  ќе ја придружува оркестарот на Македонската филхармонија и на Операта, под диригенство на Рајчл Ворби. Концертот на Норман ќе трае 40-ина минути.

Фестивалот ќе го отвори претседателот на државата Бранко Црвенковски, покровител на Охридско лето, а од името на уметниците успешно издание ќе посака примбалерината Александра Мијалкова.

Организаторот на фестивалот, Дирекцијата на Охридско лето, за годинава обезбеди педесетина настани, од кои повеќе од триесетина се музички, а останатите се драмски, балетски претстави и рецитали.

Билетите за отворањето се распродадени, а најавено е присуство на многу странски амбасадори во нашата земја, дипломати, гости од соседните држави.

ohridnews