Македонскиот репрезентативен голман, Борко Ристовски имаше шоу на голот од Гумерзбах на мечот со Лемго. Ристовски во последните минути од мечот бранејќи три седмерци во низа донесе победа 33-32, која е значајна за неговата екипа.

На ваквата форма од Ристовски најмногу ќе се радува селекторот на Македонија, Ивица Обрван и македонската јавноста која очекува блескави изданија од изборот број еден на голот од „фалангата“.

После победата целата публика во спортската сала го скандираше името на Ристовски, кој беше херој во триумфот над Лемго.

Мх.П.