Во 1/4 финалниот натпревар кој се одигра на СРЦ Билјани Извори, охриѓани беа посупешни од своите врсници од Струмичка Беласица, совладувајќи ги со 4-2 на пенали. Мечот во регуларниот дел заврши без голови 0-0.
Јунак во пенал серијата беше голманот Шопоски кој успеа да скроти два од четирите удари на гостите. Прецизни за охриѓни беа Стојаноски, Боев, Спасоски и Али.