Шон Пен неодамна започнал романса со продуцентката Шенон Кастело. Дека љубовта не знае за граници потврдува и случајот на актерот, лија партнерка е помлада од него за 25 години. Откако ја прекинал врската со актерката Скарлет Јохансон, холивудскиот заводник не губел време, туку започнал нова романса со нејзината врсничка.


Актерот и продуцентката се запознале 2009 година, а неодамна ја започнале својата љубовна романса. Шон Пен со својата нова девојка прв пат бил виден во јули на плажа во Малибу.