Оскаровецот Шон Пен е во преговори за улога во комедијата на Бен Стилер “The Secret Life of Walter Mitty”, пренеле медиумите. Римејкот на филмот “Volter Miti” се развива веќе со години и во трка за улогата која во 1947 година ја глумел Дени Кеј биле Џим Кери, Мајк Мајерс и Саша Барон Коен.
Одлуката била донесена минатата година кога Стилер соопштил дека го режира и ќе глуми во филмот во кој уште ќе играат и Кристен Виг, Адам Скот, Патон Освалт и Ширли Меклејн. Медиумите пренеле дека улогата на Пен ќе биде мала и други детали не биле соопштени.