Шон Пен е сигурен дека 15 години помладата Шарлиз Терон е вистинската жена за него. Пријателите велат дека актерот е воодушевен од нејзиниот карактер, самосталноста и фактот што никому не му дозволува да управува со нејзиниот живот, па дури ни нему.
Иако се во врска само неколку седмици, првиот сопруг на пејачката Мадона толку се вљубил што планира да ја запроси. Пријател на актерот рекол дека таа му носела мир. Се почесто се дружел и со нејзиниот посвоен син Џексон и сакал да се грижи за момчето како да е негово дете.