Адвокатот на нарко босот Хоакин “Ел Чапо“ Гусман изјави дека актерот Шон Пен би требало да биде повикан да сведочи на суд за текстот кој го напиша после состанокот со Гусман, напоменувајќи дека Чапо никогаш не тврдел дека е главен нарко дилер на светот. Во интервјуто објавено во списанието Ролинг стоун, Пен напиша дека Ел Чапо изјавил дека е еден од најголемите снабдувачи со хероин, метамфетамин, кокаин и марухуана на светот. Адвокатот Хуан Пабло Бадиљо изјави дека Гусман тоа сигурно не го рекол. Моќниот картел на Гусман Синалоа криумчари огромни пратки кокаин и марихуана и произведува и транспортира метамфетамини и хероин, воглавно во САД.

 

По него е издадена потерница во повеќе американски сојузни држави, а неговото бегство од мексиканскиот затвор во јули ја осрамоти владата на претседателот Енрике Пења Нијета и ги влоши односите меѓу САД и Мексико. Гусман беше повторно фатен во петокот, после пукањето помеѓу неговите помагачи и мексиканските маринци во куќа во крајбрежниот град Лос Моцис, во државата Синалоа. Во таа прилика беа убиени пет криминалци, а уште шест биле повредени. Властите наведуваат дека успеаа да ја откријат локацијата на Ел Чапо благодарение на интервјуто кое со него го имаше Шон Пен. Тој текст беше обајвен во саботата на сајтот на американското списание Ролинг Стоунс.