Акционата драма „Гангстерски одред“ на режисерот Рубен Флајшер, за легендарниот крал на подземјето Мики Коен, со Шон Пен во главната улога, премиерно ќе биде прикажана следниот месец на нашиве простори.
Дејството се одвива во Лос Анџелес во 1949 година за време на владеењето на Мики Коен во градот. Со парите стекнати од трговијата со оружје, дрога, коцкање, проституција, Коен ја контролирал полицијата и политичарите кои го штителе, и го држел под незе целиот град. Сепак, се појавува група одметници, пала полициска екипа, спремна да се бори за воспоставување на правдата… Покрај Пен, во филмот настапуваат уште и Рајан Гослинг, Ема Стоун, Џош Бролин, Ник Нолти и други познати актери.