Славниот актер Шон Пен одлучи да го продаде својот имот во луксузната населба Малибу во Лос Анџелес, иако го купи пред нешто повеќе од пет години. Актерот објави дека ја продава вилата за која бара 6,5 милиони долари. За тие пари, купувачот ќе го добие прекрасниот посед од 1,5 хектари, како и вилата со пет спални соби и пет тоалети. Куќата има само еден кат, со посебна куќа за гости и за персоналот, покрај гаражата која има доволно место за десет автомобили.

Во склоп на оваа вила постои и базен, простран двор со рози, тропски билки и класични патеки за пешачење. Шон луксузниот имот го плати 3,8 милиони долари. Куќата е изградена во 1960 година, но актерот ја реновира кога стана сопственик на истата. Во неговото соседство живеат голем број други славни личности, меѓу кои Кени Џи, Барбара Стрејсенд, Џулија Робертс и Гвинет Палтроу.