Најпрво негираа дека се во врска, а потоа сфатиле дека такво нешто нема смисла. Скарлет Јохансон и Шон Пен присуствувале на забава која ја приредил претседателот Барак Обама и отишле толку далеку што се бакнувале пред сите присутни.
Откако се најале, отишле во градината со уште неколку луѓе. Актерката го држела момчето за раката додека тој разговарал со присутните. Околу три часот по полноќ ја напуштиле забавата бакнувајќи се како да не постои утре.