Актерскиот пар Шарлиз Терон и Шон Пен планираат во поскоро време да посвојат уште едно дете, како на синот на Шарлиз Џексон би му подариле друштво/ Извор близок на парот рекол дека Шарлиз е единица и отсекогаш сонувала да има брат или сестра. Затоа и било многу важно да има некој покрај себе.

Со оглед на тоа што Шон е почесен амбасадор на островот Хаити, желбата му била да посвојат дете токму од овие простори. Инаку, синот Џексон Шарлиз го посвоила пред две години. Од друга страна, Шон со поранешната сопруга Робин Рајт ја има ќерката Дилан (23) и синот Хопер (20).