Иако на почетокот својата врска ја држеле далеку од очите на јавноста, овој пат не можеле да ги избегнат упорните папараци, кои со седмици ги следеле на секој чекор. Шон Пен и Шарлиз Терон биле фотографирани пред неколку дена на Беверли Хилс како разменуваат нежност во автомобил, по што се упатиле во кино.

Актерката, која има 37 години, и нејзиниот 20 години постар колега почнале да се гледаат тајно, а празниците ги минале на неговиот имот на Хаваите, што дополнително ги подгреало шпекулациите дека се во љубовна романса.