Холивудскиот пар Шарлиз Терон и Шон Пен планираат да посвојат дете и наскоро да се венчаат, јавуваат медиумите. Актерката, која веќе го има посвоениот син Џексон, неодамна изјавила дека нема поголем божји благослов отколку да дадете љубов на напуштено дете.
Таа и нејзиниот 15 години постар вереник престојуваат во Јужноафриканската Република каде со снимаат филмот “The Last Face”, во кој Шарлиз глуми а Шон е режисер. Оскаровката за својот вереник која има две возрасни деца од бракот со Робин Рајт рекла дека ќе биде идеален татко и пример за нивните деца.