После Мадона и Робин Рајт, Шарлиз Терон наскоро би можела да стане новата госпоѓа Пен, јавуваат американските медиуми. Извор близок до парот изјавил дека Шон Пен неодамна ја запросил јужноафриканската убавица додека заедно престојувале во Париз. Шон, како што тврди изворот, сака да ги забрза работите и што побрзо да стапи во брак со Терон, со која е во врска од крајот на минатата година.

 

Истиот извор изјавил дека тајно ја запросил за време на романтичниот викенд во Париз, кој крајот на ноември. Иако нема прстен, тие се верени. Двајцата актери не ја потврдиле оваа информација, но не ја ни демантирале.