Шкотланѓанецот кој се прослави со улогата на Џемс Бонд повеќе не сака да глуми. Шон Конери е горд на својата актерска кариера. Во вторникот прослави 80 години на Бахамите, а на присутните им порачал дека во него сеуште има живот.
Изјавил дека до неодамна бил болен, и дека сепак се враќа во живот бидејќи плива секој ден и се обидува повторно да игра голф. Се родил во сиромашно семејство, а на 13 години го напуштил училиштето за да работи како млекар. Се занимавал со бодибилдинг, а откако се појавил на неколку натпревари почнал да добива актерски ангажмани.