Актерот Шон Бин е овогодинешниот добитник на меѓународната награда Еми благодарение на улогата на трансвестит во британсакта серија „Обвинети“. Бин, кој се прославил со улогите во епските авантури, во понеделникот на свеченото доделување на наградите во Њујорк, ова признание го добил за инзвонредно одиграната улога на учителот Сајмон.

Алтер егото на Сајмон, Трејси, има афера со оженет човек, што завршува со убиство. Бин при доделувањето на на градите рекол дека сакал да работи на серијата со Џими Мек Гаверн бидејќи знаел дека станува збор за снажна драма. На тој начин се согласил да ја игра улогата на тансвеститот.