Санкциите против Русија ќе бидат укинати дури по повлекувањето на руските војници од Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц при посетата на Јапонија.
Шолц нагласи дека санкциите се многу ефикасни и дека Русија забележува дека нанесуваат голема штета на можностите за економски развој.
Германскиот канцелар посочи дека санкциите нема да бидат укинати сè додека руските сили не се повлечат од Украина.
Тој додаде и дека рускиот напад врз Украина не бил насочен само против таа земја.
Тоа е напад врз меѓународната заедница како целина, рече Шолц во своето обраќање пред Јапонската стопанска комора.
OhridNews