Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Русија нема да победи во војната во Украина и посочи дека Москва не смее да ги диктира условите за каков било мир.
Путин сериозно ќе преговара за мир само ако сфати дека не може да ја пробие одбраната на Украина, истакна Шолц во говорот на Светскиот економски форум во Давос.
Тој посочи дека „нема да има диктиран мир“.
Украина нема да го прифати тоа, ниту ние, предупреди германскиот канцелар.
OhridNews