Рускиот претседател Владимир Путин останува на својот став за војната во Украина, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.
За жал, не можам да кажам дека сфатил оти грешка беше да се почне оваа војна, истакна Шолц коментирајќи го телефонскиот разговор со Путин од вторникот со времетраење од час и половина.
Но, тој нагласи дека сепак имало смисла да се разговара со рускиот лидер со цел да се објасни германската гледна точка.
Цврсто сум убеден дека Русија треба да ја повлече својата војска, за да постојат шанси за мир во регионот. И секој ден помислувам дека тоа е единствениот начин, додаде Шолц.
Станува збор за прв разговор на Шолц со Путин во повеќе од три месеци. Тој сè уште се држи до идејата дека дипломатско решение и целосно повлекување на руската војска мора да биде постигнато што поскоро.
OhridNews