Видеото на кое орел се обидува да крене дете, сепак е лажно.

Снимката на која орелот надлетува парк, а потоа се спушта и напаѓа дете кое седи на тревата и се обидува да го крене во воздух, е лажна. Таа всушност е дело на студентите на училиштето за анимација и дигитален дизајн од Монтреал, пишува Дејли Мејл.

„И орелот и детето се креирани со 3Д анимација и интегрирани во филмот дополнително. Таквите проекти се редовна задача на студентите во петтиот семестар“, соопштија од факултетот во МОнтреал.


Откако видеото се појави на Јутјуб, постоеше сомнеж дека станува збор за монтирана снимка, а сега тоа и официјално е потврдено.

OhridNews
извор:„Макфакс“