Македонскиот ракометен првак во женска конкуренција Вардар од следната сезона ќе изгледа многу поинаку ако се остварат прогнозите оти неколку ракометарки ќе добијат исписница од клубот.


На списокот се наоѓаат Андреа Лекиќ, Барбара Лазовиќ и Маја Сокач, а се шпекулира и со имињата на Ина Суслина, Андреа Кликовац и Јованка Радичевиќ.

Без овие пет ракометарки „црвено црните“ ќе добијат нов лик, но ќе го растеретат и буџетот на клубот кој до сега не беше никаков проблем.

Одлуката за исписници паднала по поразот на Вардар од Ѓер на премиерниот натпревар во новата сезона во Лигата на шампиони.

Ohridnews