Далеку помотивираните “гости“ без грешка го одиграа првото полувреме по кое со головите на Нически и Левков водеа со 2-0.
По одморот и серијата замени црвено -црните израмнаа на 2-2 со головите на Ејупи и Петров.
Вардарци притиснаа во обид да стигант до трет гол, но отворената игра им остави простор на кичевци кои преку Настов стигнаа до голема победа во подготовките.
– Никако неможам да бидам задоволен од играта во првиот дел. За мене нема пријателски или службени натпревари. Секој натпревар мора да се добие – рече шефот на стручниот штаб на Вардар Ратко Достаниќ по завршувањето на натпреварот.
До крајот на подготовките Вардар ќе одигра пријтелски против Тирана и против Охридскиот второлигаш.