Македонската интернационалка Елена Ѓеоргиевска се здоби со скршеница на скочниот зглоб и ќе го пропушти Европското Првенство во Србија. Таа се повреди на стартот од мечот во ЛШ меѓу Будуќност и Црвена Звезда.

 

„Елена претрпе тешка повреда и со сигурност може да се каже дека нема да се врати на терените барем до јануари. Ова е голем проблем за нас, верувавме дека Георгиевска може да блесне сезонава, а сега се случува овој малер. Се надеваме дека по враќањето ќе биде во топ-форма, а во меѓувреме целиот тим ќе се обиде да го надополни нејзиното отсуство“ – истакна тренерот на Будуќност, Драган Аџиќ, пренесува Екипа.мк

 

Повредата ќе биде дополнителен удар на ионака тенкиот ростер на женската ракометна репрезентација на Македонија. Селекторот Гино Стрезовски претходно остана без Јулија Николиќ, а сега и без Ѓеоргиевска.

Женската ракометна репрезентација на Македонија во декември во Ниш ќе ги игра натпреварите од фазата по групи на ЕП во Србија, а ривали на „црвено-жолтите“ девојки на овој шампионат ќе бидат селекциите на Франција, Шведска и на Данска.

ohridnews