Долго време стариот Чинар во срцето на охридската чаршија беше опкружен со тезги на кои се продаваше се и сешто. Граѓани, интелектуалци, туристи… реагираа на лошата слика која го „красеше“ симболот на Охрид. OhridNews направи анкета за ова прашање, во која изминатите месеци граѓаните недвосмислено го кажаа својот став, дека на тезги местото не им е околу чинарот.
Високи 83 проценти од учесниците во анкетата сметаат дека не треба да има тезги околу чинарот, а 17 % го мислат спротивното. Во анкетата учествуваа 2717 испитаници.
Во меѓувреме, летово тезгите беа дислоцирани околу чинарот. Охриѓани очекуваат така да биде и во иднина, со цел ова заштитено дрво кое е заштитена природна реткост така и да се третира.
Пораката на граѓаните е повеќе од јасна: тезги околу Чинарот никогаш повеќе!
Г.М.
Следна анкета: Кој треба да одлучува за цената на продажба на општественото земјиште во општините?