Во пожарот кај село Вапила, охридско, изгореа 165 хектари нискостеблена дабова и 37 хектари белборова шума. Уништени се и природни живеалишта на бројни видови флора и фауна. Пожарот е локализиран, а штетата е огромна.

Граѓаните во коментарите на нашата Фејсбук страна со свои мислења за катастрофата. Едни бараат виновници, други пак сметаат дека штетата можела да биде помала доколку капацитетите на службите задолжени за реакција во вакви ситуации биле соодветни, а системот навреме реагирал. Нивните мислења ги пренесуваме во рубриката „Што мислит народов“ која е дел од новиот концепт на OhridNews кој од неодамна има нов изглед со повеќе новини.

  • Доколку уште првиот ден се пристапеше со гаснење од воздух, немаше да дојде до ова. Нели гореше само “деградирана'” шума.? Како што може да видиме уништена е убава шума. Дали вредноста на горивото шо ќе се потрошеше за хеликоптерите, ер-тракторите итн., е поголема од се он што нема веќе никогаш да се поврати, а и за останатото за што ќе треба десетици години опоравување?
    Храм Св. Петка

  • Битно ни забранија да ојме в планина.
    Кинг Јулиен
  • Аман кој имаше толку камен срце ова да го напрајт уништена толку многу шума .Дури вград мирисат чадојна.
    Нина
  • Намерно неозбилни,можесе со помали последици.
    Али

  • Она кога ќе пишите човечки фактор па нормално само од себе не се пали.
    Дејан
  • Отидоа направија по едно селфи и се вратија како езерото да беше на 100 километри одалечено па не можеа да го гасат од воздух.
    Никола

Шо мислит народов следете во истоимената рубрика на OhridNews.

OhridNews