Несогласувањата и законските недоречености, а често и политичките разидувања, се честа причина за разногласие и дијаметрално спротивни ставови во планирањето и уредувањето на јавниот простор. Еклатантен пример за тоа е Охрид, кој дополнително обременет од обврските кои произлегуваат од УНЕСКО и актите усвоени во насока на заштита на универзалните вредности на регионот, често е во пат позиција.
Во минатото сведоци бевме на отуѓување на јавносто земјиште за багателни цени, далеку од пазарна вредност, што на поединци им овозможува екстра профит и лично богатење на сметка на заедницата. Сето тоа, како што велат и се правдаат надлежните, е согласно закон, исо цени утврдени според соодветните акти.
Ги прашавме граѓаните на Охрид кој треба да одлучува за цената на јавното земјиште кое упорно се распродава по цени кои, ама башп немаат никаква врска со реалноста. Еве што одговорија охриѓани:
Следна анкета: Што очекувате од 2023!
OhridNews